И викендов ќе уживаме во топло и пријатно време. Во најголем дел денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 25°.

Во недела ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се се спушти до 14°, а дневната ќе се искачи до 25°, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

OhridNews