
На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји.
Покрај изложбениот дел, вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14.30 часот до месноста Св. Наум и во 20.30 часот до хотелот Инекс Горица.
Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија, Бугарија и Србија. Се очекува во иднина манифестацијата да добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.
OhridNews











