Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, активно ќе се вклучат во организацијата на втората масовна „Off Road” средба, што викендов ќе се одржи во охридскиот регион.

Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава, е во организација на здружението „Off Road“, ќе има 350 учесници, 200 теренски “Off Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко-спортски- туристички карактер а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на охридскиот регион, информира претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски.

Турнејата е планирана на  01. и 02 јули од Охрид-с.Лакочереј-с.Сирула-с.Лешани–манастир Св. Илија-Плаќенска планина–Мазатар–с.Куратица-с.Расино-с.Вапила-.Лакочереј-с.Лескоец–Охрид, а кампувањето е во кампот “АС”-Струга. – Турнејата ќе биде организирана според сите законски прописи како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржувањ, потенцира претседателот на ОСБСП, Стефан Димоски.

Стартот на “Off Road” средбата е во сабота први јули со почеток во 09 часот од платото пред градското пристаниште откако претходно ќе се изврши технички прием на возилата и делењето на стартните броеви. Во недела, втори јули, во атарот на селото село Лакочереј, ќе се одржи трка со теренски возила.

OhridNews