Градоначаникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја, информираат од Општина Охрид.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО, се вели во соопштението.
Градоначалникот Пецаков истакна дека секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews












