Учениците од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, освоија високи признанија на меѓународниот музички натпревар на дувачки инструменти „Даворин Јенко“ што се одржува во Белград – Србија.

Во исклучителна конкуренција, Александар Лолески, го освои првото место во натпреварот во свирење флејта. Во истата конкуренција Мелани Момироска ја освои втората награда. Двајцата ученици се во класата на професорката Нина Момироска.

– На овој натпревар настапуваме прв пат и сме воодушевени од организацијата и постигнатиот успех. Жирито беше составено од врвни музичари од Германија, Словенија, Србија и Македонија, а учениците настапија во мошне силна конкуренција на 19 талентирани млади музичари од Европа. Нашите ученици со макотрпна работа постигнаа уште еден голем успех, бидејќи редовно го освојуваат првото место на натпреварите во флејта, ни изјави директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момироска.

Ohridnews