На Регионалниот натпревар по физика одржан во Крушево, учениците од ОЦУ „Св. Климент Охридски” постигнаа забележителни резултати. Петар Лекоски од втора година освои трета награда, Стефан Андрески од прва година пофалница и пласман на државниот натпревар, додека Стојан Буџак и Виктор Савески, исто така ученици од прва година обезбедија пласман на државниот натпревар.
На 61-от државен натпревар одржан во Тетово ученикот Петар Лекоски освои прва награда и право на учество на Селекциониот натпревар за Светската Олимпијада.
На Државниот натпревар по астрономија ученикот Филип Рајчески го освои третото место.
Сите ученици беа под менторство на професорката Виолета Никовска.
OhridNews












