
Жители на стариот дел од градот со кои контактиравме вечерва, велат дека водоснабдувањето во овој дел од Охрид се’ уште не е нормализирано.
Водовод Охрид соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до санирање на дефектот.
Како што информиравме претходно, со покачувањето на температурите кои долг период беа во минус преку целиот ден, дошло до бројни дефекти во водоводната мрежа, кои им создаваат многу проблеми како на граѓаните, така и на службите од јавното претпријатие.
OhridNews











