Виз ер и ТАВ Македонија, најавија отворање на три нови авиолинии од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо (Шведска), како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром.

Летовите за овие дестинации стартуваат од 14. и 16. Јули, а продажбата на билети почнува денеска, со цени кои почнуваат од 1.799 денари, додека сите резервации направени на која било од 27-те дестинации достапни од Скопје денеска 28. февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20%.  

Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел-Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел-Милхаус-Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно.  Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат  секој ден.

OhridNews