Владата денеска ќе ги достави нацрт-амандманите на Уставот до Собранието.

„Владата на Република Македонија ја одржува својата редовна 99. седница, на која на дневен ред е текстот на нацртот на амандманите на Уставот на Република Македонија, која Владата денеска ќе ги достави до Собранието на Република Македонија“, информираат од Владата.

Премиерот Зоран Заев вчера попладне имаше втора средба со новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. По средбата тој изјави дека имаат решение што сега треба да се преточи во зборови.