Втората фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа ќе се реализира со средства од Владата кои ги доделува за финансирање на проекти на плански региони. Во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион”, за втората фаза за подпроектот за реконструкција на домот се одобрени 3.500.000 денари, информираше градоначалникот Зоран Ногачески.

На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони.Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала, додава  Ногачески.

По реконструкцијата на домот, приземјето ќе се користи како деловен простор, а катот ќе биде адаптиран во изложбен центар на археолошкото наследство на општината. Подпроектот ќе се имплементира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион и се очекува да започне во првиот квартал од 2022 година.

 

OhridNews