Владата донесе одлука-на целата територија на државата да се прогласи вонредна состојба, информира техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Со оглед на тоа дека собранието е распуштено, претседателот на Државата има уставна можност да прогласи вонредна состојба во траење до 30 дена.

Спасовски потенцира дека воведувањето на вонредната состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат драстични рестриктивни мерки за движење на граѓаните, туку дека таквата мерка ѝ дава на владата можност за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција.

  • Воведување на оваа состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните. Доколку дојде до нови рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, како и до сега, за што граѓаните редовно ќе ги информираме.Вонредната состојба само и дава можности на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните. За заштита и одбрана на нашето општество, на нашата економија, рече Спасовски.

OhridNews