Владата ги намали акцизите за 4 денари за дизелот и 2 денара за безоловните бензини од 95 и 98 октани по литар. Одлуката е донесена денеска на вонредна седница, соопшти на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќе дека одлуката за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто останува до крајот на кризната состојба.
Без намалување на акцизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над 102 денари, а безоловниот бензин од 95 и 98 октани ќе беше поскап за 1,5 до 2 денари, истакна премиерот Мицкоски.
На преговори со ОКТА договорено е попустот од 3 денари за дизелот по литар, односно 2 денара за безоловните бензини од 95 и 98 октани за литар, исто така да продолжи до крајот на април, рече Мицкоски.
Тоа значи дека се амортизира потенцијално зголемување од 7 денари по литар, изјави Мицкоски на прес-конференцијата.
OhridNews














