Владата го усвои предлогот на Министерството за надворешни работи за затворање на почесениот конзулат на Македонија во Кралството Шпанија, како и предлогот за отповикување на почесниот конзул со седиште во Барселона, со образложение дека против него е поведена кривична постапка што преставува пречка за понатамошно извршување на функцијата.

Поради завршување на мандатите на шефовите на конзулатите во Солун, Република Грција, и во Истанбул, Република Турција, Владата денеска донесе одлука за бидат отповикани и Зерин Абаз, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат во Истанбул, и Маја Апостолова-Балабурски, генерален конзул и шеф на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Македонија во Република Грција, со седиште во Солун.

OhridNews