Владата на Република Македонија ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Грција да го ратификува историскиот Договор од Преспа со којшто се става крај на тридецениски спор кој го попречуваше развојот во регионот, се вели во владиното соопштение.

Владата им честита на сите граѓани на двете земји за мирот, прогресот и развојот кои ги носи овој Договор и ги охрабрува да ги интензивираат соработките, поврзувањата и пријателствата.

Преку изнаоѓањето на македонско – грчкото решение, Балканот, Европа и Светот добија нов модел за градење пријателства и соработки меѓу народите и државите.

Владата им благодари на сите граѓански, политички и други чинители кои го поддржаа Договорот и кои им дадоа ветер во грб на историските решенија вградени во него.

Влада на РМ