Владата на Република Македонија на 101-вата седница иницираше измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени за да се надмине проблемот со бездомните кучиња.

Ова следува по трагичниот настан во Гостивар при што девојче кое се враќало од училиште било нападнато од куче скитник. Девојчето во бегањето паднало во најдојдената река по што беше пронајдено мртво.

Претходно, евидентирани се бројни други случаи во кои кучиња скитници нападнале или повредиле граѓани. Проблемот се провлекува со години и покрај дадени ветувања надлежните никако да го решат.

OhridNews