Македонска берза времено ја запре продажбата на  акциите на охридски ЕМО, откако Владата одлучи да ја  стопира прожбата на компанијата што бече најавена за 30 март, дознава.

Врз основа на ваквата одлука берзата соопшти дека ќе ги поништи сите трансакции извршени денеска. Кога ќе продолжи тргувањето  со акциите на берзата, дополнително ќе биде соопштено.

Берзата денеска го запре зтргувањето и со акциите на ОХИС, компанија која во пакет со ЕМО требаше да се најде на продажба во петок. Инаку по објавивањето на информацвијата за продажба на државните акции на ЕМО енормно почнаа да растат, така што една акција на ЕМО на берзата вчера достигна цена од 2700 денари. Според извори од компанијата најзаинтересирана за ЕМО  била бугарската компанија Енергоремонт.

Г. Момироски