Министерот за финансии Трајко Славески ги демантираше информациите објавени во некои медиуми, според кои Владата со ММФ договорила покачување на цената на струјата.

“Одредувањето на цената на електричната енергија не го врши владата туку Регулаторната комисија која е независно тело, “, изјави вчера во Охрид министерот за финансии Славески.

Со измените во законот Владат ги насочи големите потрошувачи кои што користеа повластени цени на електрична енергија, во иднина да се снабдуваат на слобободниот пазар и да плаќаат цена блиска до пазарната. “Ако во случај заради недостиг ја купуваме електричната енергија на регионалниот или светскиот пазар по да речеме 70-80 евроценти за еден мегават, ние не можеме постојано да субвенционираме некои претпријатија кои што се  големи потрошувачи продавајќи им ја за 20 евроценти, односно четири пати пониско“, рече Славевески.

Што се однесува до вената која ја плаѓаат граѓаните, неа ќе ја одредува Регулаторната комисија, рече Славевески.

Г. Момироски