На вонредна седница кој ќе се одржи утре во 12 часот Владата треба да донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата.
Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, информираат од Владата.
Воедно, посочуваат дека цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата.
OhridNews













