Позначителна промена на времето ќе има денеска попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север кој ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено во северезаоадните и источните делови од земјава, информира во вонредната прогноза УХМР.
На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 18 степени Целзиусови. Претпладне ќе дува умерен југизападен, а кон крајот на денот, ноќта кон понеделник и во понеделник засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
И во понеделник ќе има повремени врнежиод дожд, особено претпладне а кон крајот на денот и ноќта према вторник облачноста ќе се намалува, но ќе се задржи ветровито и посвежо.
OhridNews












