Блокирани и непроодни улици, пешачки патеки и јавни површини во градот е сликата којашто може да се забележи при првиот снег со што е загрозена безбедноста на граѓаните, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски.
За што ги троши Георгиески 420.000 денари за ангажирање на градежна механизација за одржување на улици во зимски услови? Неговиот партиски поставен директор потроши илјадници евра за возила на старо, но нив не ги гледаме по улиците на градот. За жал и вработените се оставени сами на себе, без механизација. – рече Божиноски.

OhridNews











