Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Струга, денеска ја напуштија седницата на Советот на општината, во знак на револт поради синоќешните немили настани кои се случија пред Собранието на Република Македонија, информира партијата.

.

Почитувани сограѓани,Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на Општина Струга, на денешната седница на Советот на општината, ја напуштија истата, во знак на револт поради синоќешните немили настани кои се случија пред Собранието на Република Македонија.Имено, бевме сведоци на бруталноста на Зоран Заев и СДСМ, кои удрија по сопствениот народ, по народот кој излезе на мирен протест за да си го зачува името и идентитетот, па дури удрија и по новинарите кои си ја извршуваа службена должност.Господине Зоран Заев, по кого удирате?По сопствениот народ, на кого му ветувавте живот и соживот во Република Македонија, по народот на кого јавно му ветивте дека додека го дишете овој македонски воздух, нема да има промена на устав и уставното име на Република Македонија?Нели се залагавте дека демократијата ќе завладее над насилството?Да ве потсетиме, граѓаните излегоа да си го зачуваат своето име, јазик и идентитет, она што му припаѓа на секој граѓанин на Република Македонија.Со почит,Мирче Аџиоски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга

Geplaatst door Центар за комуникации Вмро-Дпмне Струга op maandag 18 juni 2018