Градоначалникот Константин Георгиески преку комуналниот инспектор веднаш да издаде налог до ЈП „Охридски Комуналец“ да пристапи кон чистање на теренот каде што се насипува земја и шут во Охридското Езеро, во населбата Далјан, бидејќи надлежните институции и служби не можат да го најдат сторителот. Ова го бара опозициската ВМРО ДПМНЕ која во писмената реакција испратена до медиумите го критикува односот на локалната власт кон проблемот.
Не смее Георгиески да остава ваквите работи да си течат, негова обврска е да си ја заврши работата и да поднесе кривична пријава до институциите против непознат сторител за отакако ќе се открие сторителот да се надополни штетата. – се вели во партиската реакција.

Доколку е тоа така ВМРО-ДПМНЕ ќе поденесе соодветна кривична пријава до надлежните институции. – најави опозициската партија.
OhridNews











