Според ОК на ВМРО ДПМНЕ Дебарца, вчерашниот допис од ОК – СДСМ Дебарца содржи низа невистини.

– Во неделата во село Белчишта, трибината што се одржа од страна на заменик министерот за земјоделство Зоран Коњаноски, беше од отворен тип и на неа присуствуваа голем број земјоделци без разлика на нивната политичка определба. Тема на трибината беше новиот закон за формирање на земјоделски задруги. Со формирањето на овие земјоделски задруги земјоделците ќе имаат големи придобивки кои се однесуваат на: набавка на механизација, набавка на ѓубрива и други заштитни средства, финансиска подршка за лицето ангажирано како менаџер, полесно пласирање на сопственото производство итн, велат од ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

Оттаму, додаваат дека на трибината од страна на присутните биле поставени голем број на прашања што ги засегаат земјоделците. Од ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ Дебарца да направи споредба колку финансиски средства им биле исплаќани на земјоделците кога на власт била СДСМ, а колку финансиски средства добиваат земјоделците од оваа влада на чело со Никола Груевски.

OhridNews