Најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, денеска во Скопје, организира протест против неправдата „Заев е виновен“.

Протестот ќе почне во 18 часот од пред Јавното обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.

Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача. – стои во повикот за протестот на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews