До кога локалната самоуправа и мнозинството во советот, предводено од СДСМ, недомаќинското работење и трошење на јавните претпријатија ќе го покрива на товар на граѓаните?- запраша на денешната прес- конференција советничката од ВМРО- ДПМНЕ, Јованка Дамовска- Секулоска.

Таа потенцира дека на последно оддржаната седница на советот, мнозинството предводено од СДСМ, усвоило одлука со која како гаранција за кредитното задолжување во висина од 6 милиони денари на ЈП „Нискоградба“, се дава вториот кат од административно- деловната зграда на улица „Димитар Влахов“, сопственост на општина Охрид.


Очигледно не беа доволни поскапувањата на цените на улсугите на јавното претпријатие „Нискоградба“ и неколкумесечното неисплатување на платите на вработените, па сега на ред дојде заложување на имот на општината, што им припаѓа на граѓаните. Како советничка група апелираме до јавното претпријатие да престане својата неефикасност да ја лечи на сметка на граѓаните, рече Дамовска- Секулоска.


Таа нагласи дека кога веќе не се инвестира во капитални добра од јавен интерес, локалната самоуправа, градоначалникот и мнозинството во советот барем да не ги распродаваат оние кои постојат.  

Т.К.