“Му посакуваме добредојде на ОО СДСМ Охрид на политичката сцена во Охрид, преку денешно сооштение до јавноста. Тоа е партијата која 8 години го става Охрид на листата на градови во кои нема никаков напредок,во кои царува корупцијата,во кои кривичните пријави за нивните функционери во локалната самоуправа се редат секојдневно, партијата која го даде најнеспособниот градоначалник во историјата на Охрид за кого најголеми инвестиции што ги направил се лагите, манипулациите и корумпираноста, велат од ВМРО- ДПМНЕ во врска со денешната испратена реакција од ОО на СДСМ која следуваше по вчерашната прес- конфернција на ВМРО- ДПМНЕ.

– Тоа е  партијата чии советници во Советот никогаш не дискутираат, туку ароганцијата им е единствен збор,чии советници гласаат сомнителни урбанистички планови,чии советници се креатори и поддржувачи на распадот на јавните претпријатија. Добро е што во соопштението се препознаа себеси и сами се идентификуваа како неспособни и безидејни.ОО на СДСМ и нивните советници во советот во Охрид се една голема 8 годишна дупла НУЛА.Сите заедно се повеќе како здружение на корумпирани бизнис партнери полни со кривични пријави, отколку некаква политичка партија, меѓудругото стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews