
„Институтот е насочен кон повеќе полиња, почнувајќи од оспособување на партиските кадри, но е отворен за луѓе со десна демохристијанска политичка профилација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседател е доктор Панде Лазаревски. Поранешниот државен секретар во Министерството за животна средина, Дејан Пановски е член на Бордот на директори, а ќе го раководи и директоратот за животна средина и природни реткоски во рамките на Институтот.

Тој додава дека согласно работниот план на Директоратот со кој раководи, активностите ќе бидат сконцентрирани на истражувања, анализи и предупредувања за актуелни драматики како што се влијанието на климатските промени врз хидролошката состојба.
„Еднаков пристап ќе имаме и кон анализата на туристичките потенцијали на РМ и новите економски можности во тој правец. Од ова е сосема јасно дека добар дел од активностите на Директоратот ќе бидат насочени кон потребите на Охрид и регионот. Затоа ќе се обидам да ги интегрирам сите квалитетни охридски кадри од разни профили за да можеме да дојдеме до вистински решенија на проблемите“, дециден е Пановски.
Ohridnews












