ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла обвинувањата на директорот Мусаи
11.02.09 00:03
„ ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со немирите во средните училишта „Нико Нестор“ и „ Ибрахим Темо, туку напротив, ние се трудиме да влијаеме врз решавањето на ситуацијата“. Вака претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Славко Котески, ги отфрла обвинувањата искажани од страна на директорот на средното училиште „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи.
Котески вели дека двојазичните смени се единствен став на родителите и наставниците Македонци. „ Ние, додава тој, ги учиме децата да не прават тензии, да ја посетуваат наставата и да издржат во оваа ситуација“.
Според него, од почетокот на годинава досега, 18 ученици Македонци се отпишале од двете средни училишта. Инаку, директорот Мусаи вчера изјави дека кризата во струшкиот средношколски центар е политичка, за што тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Самостојна изложба на слики насловена „Охридска рапсодија” на Анче Колева ќе биде отворена утревечер, 22 септември, со почеток во 19:30 часот во изложбениот салон во НУ Центар за култура „Гри...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.