– Градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески во услови на штедење поради Светска економска криза и во услови кога Охрид е најзадолжената Општина во државава, купи луксузно службено возило марка Цинтроен Ц 5, вредно повеќе десетици илјади евра, изјави на прес конференција денеска во Скопје портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Аллександар Бичиклиски.


Тој посочи дека Александар Петрески е висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз, и дека тоа е доказ како оваа партија мисли да се справи со последиците од Светската економска криза.

-Ова е недомаќинско и недоговорно трошење на средства од граѓаните, од страна на градоначалникот Петрески. Општината Охрид и досега располагаше со повеќе службени возила од висока класа, рече Бичиклиски.

Според поортпаролот на ВМРО ДПМНЕ недомаќинското работење е планот на експертите од Социјалдемократскиот сојуз за заштита на Република Македонија од штетните последици од светската економска криза.

– Неодговорното трошење на пари од граѓаните е веројатно  уште една нова идеа од таканаречената програма на СДСМ за економски напредок на Република Македонија, изјави Бичиклиски, додавајќи дека односот на високите функционери на најголемата опозициска партија е лицемерен.

Ohridnews