Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ и секој што направил криминал треба да одговар велат од владејачката партија која најави дека ќе покрене иницијатива за преиспитување на ставот на шефот на државата.

„Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки.

Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог.“ – стои во соопштението. 

OhridNews