Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Централниот одбор на СДСМ да ги објави доказите за случајот „бомба“. Партијата смета дека конечно очајот, алчноста и недостигот од капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.
Според ВМРО ДПМНЕ одлуката на СДСМ била очекувана.
-Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не’ навредувале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени. Се удирале в гради создавајќи лажни еуфории и слични површни работи. Еве, овојпат, сите треба да се еуфорични затоа што нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес, но по секоја ваква ситуација се’ подлабоко потонувале. Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција.- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме поддршка на одлуката на СДСМ да ги објави доказите од досието „бомба“ изразија oпозициските НСДП и ЛДП. 
OhridNews