Локалната власт ги имаат заборавено младите, вети многу, а не реализира ништо, рече денеска на прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС Охрид.
До каде е формирањето на Локален младински совет, преку кој претставниците ќе имаат право да предлагаат точки на дневен ред на Советот на општината кои ги засегаат младите? Формирањето на Локален младински совет произлегува и како обврска од Законот за младинско учество и младински политики кој беше донесен со консензус од сите политички подмладоци и младински организации уште минатата година, а рокот за формирање Локален младински совет е една година. Во Охрид и по една година и неколку месеци ова тело сѐ уште не е формирано. – рече Здравевски.

Здравевски уште праша и до каде е канцеларијата за млади и зошто Охрид нема Младински културен центар каде што ќе се подготвуваат програми со кои младите ќе добијат мотив да останат во градот, како и развој на личниот и професионалниот живот, посочувајќи дека локалната власт не покажува никаков интерес за младите во градот.
OhridNews











