Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со соопштение за јавност регира на обвинувањата на политичките ривали изнесени исто така преку соопштенија до медиумите. Партијата смета дека локалната самоуправа се однесува неодговорно во случајот со поплавата која зафати повеќе градски реони. Во соопштението се вели:

„ВМРО ДПМНЕ својата активност ја базира на директен однос со сограѓаните. И кога е добро и кога има проблеми. Тоа е начинот на работење на партијата и така ќе биде и понатаму . Не ни е битно седењето во клупите и арогантно користење на говорницата туку разговор  со сограѓаните и барање на решенија . Затоа и вчера како советничка група излеговме да бидеме со нив токму заради фактот дека тој што е најодговорен за состојбата со поплавувањето и што се нарекува градоначалник не сакаше да им излезе во пресрет , ниту да им се јави , туку знаеше само да ги обвини  своите сограѓани и нормално како и секогаш погрешно , да ја обвини централната власт.

Она што ВМРО ДПМНЕ го презеде е  однос за решавање на проблемите а не е маркетинг. Маркетинг е кога си седите во удобните клупи , не решавате ништо, ги мразите сите и себеси  а за се што се случува во општината во која управувате друг ви е виновен . Не помагаат ни соопштенија на смешни политички поддржувачи на пропаѓањето на Охрид , на партии полни со арогантни креатури кои освен продавање политички памфлети во животот ништо не сториле за својот град , не помагаат ни соопштенија полни со лаги и измислици , колку да се покрие сопственото нереагирање и незнаење. Наместо да одговорат зошто не реагирале , својот бес и немоќ поради нереагирањето си го истурија себеси во фрустрирани соопштенија во која барем опишаа дека ВМРО ДПМНЕ се погрижи за сопствените сограѓани .

Но ,им порачуваме да не се занимаваат со начинот на функционирање на ВМРО ДПМНЕ тука да се занимаваат со нивното катастрофално водење на градот.   Охрид не заслужува таков градоначалник , ниту мнозинство составено од интереси ,  кого наместо решавање на проблемите на сограѓаните го интересираат само комуналии ,лични  бизниси  и пишување на политички памфлети како покритие за неодговорноста .  

ВМРО ДПМНЕ и советничката група реагираше за да ја сензибилизира јавноста за проблемот а не тој да остане скриен како ништо да не се случило што им беше цел на локалните власти . И излезе на терен , не  за да се сретне со граѓаните туку  веднаш да обезбеди присуство на владините преставници кои по утврдување на штетата ќе ги обештетат нашите сограѓани. И тоа го обезбедивме и горди сме на тоа .  Но ,таква  активност е непозната за најодговорниот за овие случување , тнр.  локалната самоуправа која со лоши хидротехнички решенија го предизвика проблемот. Ако беше тоа ингеренција на централната власт како што сакаат да лажат тогаш кој и зошто го поставуваше цевководот на средина  природен  водотек , со која цел , на како начин изведен и за кого ? Им порачуваме да престанат да лажат, иако јасно само тоа знаат , туку да направат нешто за Охрид“. – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.