СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата. Бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 ново заразени и 25 починати, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот.
Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата. Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација. – стои во соопштението за јавност што партијата го лиферува денеска.

OhridNews
					



							






