
– Ние веруваме дека сте свесни дека со вашето заминување од владеачките структури во кои секогаш бевте, епитетично кажано, нечии “привезоци“ замина и времето на незаконски и нелегитимни дејствија . Црквата како сопственик на земјиштето околу манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ е доволно моќна и силна институција која сама ќе одлучува што треба да прави со својот имот, велат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека ВМРО- ДПМНЕ, водена од демохристијанските принципи секогаш имала коректен и фер однос со Македонската Православна Црква и во понатамошното зацврстување на таквите односи не се потребни никакви посредници или тутори кои само сакаат да ја изобличат реалноста и непотребно да го исполитизираат случајот.
OhridNews











