Наместо подобрување на безбедноста и протокот на возила на крстосницата меѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се гради цел кружен тек којшто не е соодветен за оваа делница. На тој дел транзитот е максимално загрозен и поради тоа е зголемен бројот на сообраќајни незгоди, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Со самиот факт дека никој не презема одговорност за таков проект истото се докажува. Зошто надлежните интституции не преземаат ништо, ниту СВР, ниту градежен инспектор знаејќи дека сѐ се прави на своја рака и незаконски? Георгиески да одговори дали постои некаква градежно-техничка документација (Проект, Одобрение за градба или за Реконструкција)? – бара ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека градежните работи на овој потег се изведуваат незаконски и најави дека ќе поднесе соодветни пријави до надлежните институции.

OhridNews