Во недостаток на идеи, визија и концепт како да се води Охрид, СДСМ Охрид си зема за право да кометира состојби и кадровски решенија во ВМРО-ДПМНЕ, реагира опозициската партија на соопштените на социјалдемократите за составот на новиот извршен комитет на политилкиот ривал.

– Конечно време е да почнете нешто да работите. Некако ветениот живот за граѓаните на Охрид никако да дојде. Поминува нешто повеќе од половина година откако ја имате целокупната власт во Охрид. Ниеден проект! Ништо не реализиравте! Ниеден започнат проект! Од тоа треба да се срамите и Вашите кадри кои се плаќаат со пари на граѓаните треба да ги прашате што работат и зошто ги нема на нивните работни места? Наместо да работите на проекти, Вашата главна реченица се кривични пријави и кривични постапки! И тоа какви? Без ниту еден аргумент во нив, нарачани директно од вашите партиски кујни. – се веи во реакцијата.

Од ВМРО ДПМНЕ порачуваат СДСМ да има поголема култура во понатамошната комуникацијаи да не го троши времето на банални соопштенија, зошто така го троши времето и трпението на граѓаните. 

– 2 јуни е денот кога ќе започне заминувањето на СДСМ од власт. Онака како што Ве инсталираа, македонскиот народ ќе Ве деинсталира. Македонија повторно ќе победува и повторно ќе зборуваме за проекти и развој. – порача ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews