
-Имено ВМРО ДПМНЕ е на став дека е можно да имало криминални дејствија при градбата на колекторскиот систем но секако Петрески е тој што прв треба да објасни зошто во 2005 година по стапување на функцијата Градоначалник ја стопирал тужбената постапка пред Врховниот суд во која странки беа изведувачот на колекторскиот систем Гранит против Општина Охрид? Зошто кога пред себе ја имаше ревизијата од Градежниот факултет не доволи таа да стане дел од продолжување на тужбената постапка туку го прифати долгот на Општина Охрид заедно со каматите ,долг кој и ден денес е тежина на Охрид?
Настрана тоа неквалитетната изведба секако дека го загрозува Охрид но, Петрески 8 години не поднел никаква законска или судска иницијатива а напротив само ќарувал од таа состојба. Ако постоел криминал при изработката на системот за одвод на отпадни води во Охрид гледајќи ги постапките јасно е дека Петрески е дел од тој криминал.-стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Во неа уште се додава дека е крајно време Петрески да престане да го обвинува предходниот Градоначалник, во чие време тој станал директор и кој му бил негова главна логистика.












