Вчерашното невреме на површина уште еднаш ги извади сите слабости на канализациониот систем кој го преплави градот, за што одговорен е градоначалникот на Охрид, обвини денеска на прес конференвија ОК ВМРО ДПМНЕ.
-Вчерашната презентација на изгледот на улиците на Охрид после краткотрајното невреме беше всушност сликата и вистината за тоталната неодговорност на Петрески и за жал презентација на вистината дека Петрески во 8 години ништо не инвестирал во потребите на Охрид ниту во централното подрачје ,ниту во повисоките делови од градот. Од таа негова неодговорност штетите ги трпат сите граѓани на Охрид но и туристите кои гледајќи ги овие слики добиваат поинаква претстава за градот, обвини ВМРО ДОМНЕ.
Според оваа партија неодговорен чин претставува и формирањето на јавното претпријатие Нискоградба чија обврска е грижата за одводниот систем, но наместо за тоа, парите на граѓаните се трошат во други цели на крајно коруптивен начин, а услугите не се извршуваат.
OhridNews