Огласот за Директор на општинското  Јавно Претпријатие “Ниско градба” е објавен според сите законски одредби од Законот за Јавни Претпријатија и Статутот на  “Ниско-градба”, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ по повод обвинувањата на СДСМ околу менувањето на статутот за избор на прв човек на ЈП „Нискоградба“.

– Тоа што не е предвидено работно искуство, е одлука донесена од Управниот Одбор на Нискоградба и е во согласност со законот. Каде тука е повреден законот? Од друга страна тоа отвара можност оние лица кои имаат Програми и кои можат да понудат стручност, рамноправно да учествуваат во изборот, иако немаат доволно работно искуство. Која е придобивката за Охрид тоа што СДСМ за Директори во општинските Јавни претпријатија поставија луѓе со одредено работно искуство? Дали тие ги стабилизираа или тотално ги уништија јавните претпријатија? За какви партиски војници смее да зборува СДСМ, кога целосно ги партизираа сите можни административни структури во општинската администрација и јавните претпријатија, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews