Охрид и Македонија три години тонат и се во хибриден режим со СДСМ, Зоран Заев и Жаклина Лазаревска. Вака опозициската ВМРО ДПМНЕ одговори на прес конференцијата на пратеничката од Охрид и кандидат за нов мандат од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска, по повод три години владеење со држават на СДСМ .

Додека целиот свет води здравствена и економска битка, Лазаревска се бави со политиканство. Лазаревска е одговорна затоа што во Охрид има тотален колапс, економијата тоне, нема странски инвестиции, народот е заглавен во сиромаштија и не живее подобро. Туристичките работници и угостителскиот сектор се оставени на милост и немилост, без никакви мерки што треба да ги спроведе власта на СДСМ. – се вели во партиската реакција.

ВМРО ДПМНЕ ја обвини Лазаревска дека е одговорна што повеќе лица ги загубиле работните места во образованните установи во Охрид и неисполнување на ветувањата за подобар живот, како што се просечна плата од 500 евра и изградба на 500 километри автопат.

OhridNews

Лазаревска: Создаваме фер услови за подобар живот на сите граѓани