
„Од изнесеното на прес конференцијата може да се заклучи дека СДСМ погрешно ги толкува односите на нашата држава со УНЕСКО. Најверојатно не знаејќи како функционира тој однос кој всушност е однос на партнерство и со мисијата на УНЕСКО отворено се разговара за сите планови, актуелни зафати и идни програми кои ќе ги реализира нашата држава. Токму од овој партнерски однос произлегоа и заклучоците кои не се никакви критики, ултиматуми или закани како што бесцелно се обидува во јавноста да ги прикаже токму СДСМ , туку се заеднички насоки на дејствување во интерес на заштитата на културното и природното наследство на Охрид.“ – стои во реакцијата.
Оттаму велат дека партнерството меѓу Република Македонија и УНЕСКО обезбедува значајни ефекти во заштитата на културното наследство и природата и тоа ќе продолжи и во иднина.
„Успешната соработка со УНЕСКО е видлива за сите граѓани на Охрид и Македонија и тие точно знаат дека нема и немало никаков простор за загриженост , успешните проекти на Владата кои станаа секојдневие во стариот дел на Охрид ќе продолжат без разлика дали некој бесцелно тоа ќе го критикува.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
OhridNews











