На овој голем ден ги чествуваме извонредното епохално и просветителско дело на сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј и нивното огромно значење за Светот, за Европа, за Македонија и за Охрид изразено преку нивните големи мисии, се вели во честитката од ОК ВМРО ДПМНЕ по повод повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј.

Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, светите Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на кој е преведено Светото писмо и на кој се шири христијанството.

Со победата над тријазичниците, потенцираат во честитката, светите Кирил и Методиј ја заштитиле словенската мисија, го одбраниле словенското богослужение, словенската писменост и правото на секој народ да пишува и да му се моли на Господа на својот мајчин јазик.

Нивното дело треба да биде наша водилка, да бидеме горди на наследството, да си ги чуваме и почитуваме македонскиот јазик и култура, додаваат во честитката од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews