ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД остро се спротивставува на намерата на Владата предводена од Зоран Заев да се гради регионална депонија во Дебрца, во селото Годивје и го повикува своето членство и симпатизери како и сите жители на Охрид масовно да се приклучат во недела на 22 април, на протестниот собир организиран од Здружението против изградбата на регионална депонија во општина Дебрца.

-До кога мисли да молчи градоначалникот Стојаноски во врска со депонијата? Дали воопшто не му е грижа тоа што Дебрца е најголемото сливно подрачје на Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО и ќе биде колатерална штета за целиот регион? Јавно го повикуваме Стојаноски да престане да тера партиските политики и интересите на граѓаните да ги стави пред партиските интереси. – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека одлуката за изградба на регионална депонија во Дебрца е погрешна и го повика премиерот Зоран Заев да ја почитува волјата на граѓаните од референдумот кој беше 100% успешен, и по примерот на референдумите од другите општини каде се затвораат рудници, да ја отфрли, како што се веливо соопштението, налудничавата идеја за изградба на депонија во Дебрца и секако да си достои на ветеното во Белчишта дека „зборот е збор“.

OhridNews