Нови обвинувања на адреса на Локалната самоуправа и ривалската СДСМ стигнаа денеска од ОК ВМРО ДПМНЕ. 
На прес конференција претседателот на охридскиот огранок на партијата истакна дека СДСМ Охрид  има проблем со тоа што е успешност во раководењето со една општина посебно општина каква што е Охрид . 
-За успешност СДСМ од Охрид го сметаат фактот дека  Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во локалната самоуправа Охрид имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината . За успешност на Охрид во СДСМ го сметаат фактот дека Охрид стана тема на потсмев и тема за виц поради неартикулираните изјави на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството . За успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град, оставен како пред години. За успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од оваа Локална самоуправа на СДСМ од 15 милиони евра кој генерации охриѓани ќе го имаат како спомен од овој Градоначалник на СДСМ. За успешност СДСМ  го смета пазарењето и гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за ДУПови кои го нарушуваат централното подрачје и крајбрежието на Охрид. За успешност го сметаат обидот за поставување на братот на Градоначалникот за претседател на Комисија за јавна набавка тешка милиони денари .За успешност го сметаат гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за политичко (не регулаторно) подигање на цените на комуналните услуги (вода,гробарина,комунални услуги) . За успешност ја сметаат пропаста на јавните претпријатија во Охрид ,посебно новоформираните, и нивното континуирано задолжување за кои безличните советници на СДСМ и коалицијата секогаш гласаат за поддршка. За успешност ги сметаа неисплатените плати и придонеси на вработените во јавните претпријатија во Охрид и штрајковите во истите. За успешност го сметаат изгледот на Охрид во туристичката сезона полн со машини за боксови , со мириси на компири и со тотален сообраќаен хаос и бучава. За успешност го сметаат изгледот и состојбата на главните улици низ Охрид ,Јане Сандански, Питу Гули ,Абас Емин како и многу од споредните улици.За успешност ги сметаат исполнувањето на ветувањата за модерен Градски  Пазар,Жичара, модерна автобуска станица, 50те фонтани и многу други изградени ветувања . За успешност во СДСМ го сметаат фактот дека локалната ги блокира инвестициите на Владата изградбата на спортски игралишта,затворен баен и здравствен дом во Охрид. За успешност ги сметаат постојаните жалопојки на Градоначалникот пред странските преставници и промоцијата на лагите ,манипулациите и корупцијата како принципи на функционирање во Охрид, истакна Михаилов.
OhridNews