Новите пратеници во Собранието од дијаспората неофицијално се Ристо Манчев од Италија, Милорад Додовски од Мелбурн, Австралија и Павле Саздов од Канада.
Според информациите на Државната изборна комисија (ДИК) во ИЕ 7 – Европа, излезноста на гласачите била 53,35%, во ИЕ 8 – Америка и Канада 68,21% и во ИЕ 9 – Австралија излезноста била 77,82%.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, најави дека официјалните резултати од гласањето во дијаспората ќе бидат соопштени текот на вечерта.










