ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за актуелната безбедносна состоја во земјата, пооружениот судир во кумановската дива населба помеѓу полицијата и терористичка група од околу 40-на лица. Според владејачката партија се работи за сценарио за дестабилазација на државата, а нивната намера била напад на повеќе државни институции, установи и пунктови во областа на Куманово и на други места.

-Ваквото сценарио на дестабилизација или обид за дестабилизација не му одговара на никој разумен граѓанин, политичар, политичка партија или било која етничка заедница, напротив ова може да направи огромна штета на нашата заедничка држава Р.Македонија. -истакна на прес конференција прартеникот Антонио Милошоски.

Тој упати апел до сите граѓани, без разлика, како што рере, на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност. Споредн него граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со  проблемите и со безбедносните предизвици.

-Стабилноста на државата нема цена и сите фактори и домашни, меѓународни и политички чинители во Р.Македонија и секој граѓанин на Р. Македонија треба заеднички да работиме за стабилноста на нашата држава.-додаде Милошоски. 

Во име на ВМРО-ДПМНЕ Милошоски искажа безрезервна поддршка за припадниците на безбедносните сили. Тој уште додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да организира никакви протести или контрапротести и дека во никој случај нема да има протести пред седиштата на други партии.  

OhridNews