Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните. Власта е исплашена од народот после референдумот и црвениот картон кој го доби и затоа е донесена денешната одлука за господинот Груевски, изјави на прес конференција Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Власта која вршеше уцени и закани за време на референдумот, пред референдумот и референдумскиот ден, а потоа и оние притисоци после референдумскиот ден која се јавуваше на приватни броеви на луѓе од ВМРО и лажно претставувајќи им се за само да излезат на гласање, која што полнеше кутии за кој што сведоци беше целата јавност, која што легитимираше група гласање и кое е јасно дека се разголи со сите овие случаеви, продолжува со истото сценарио на автократско владеење.Но, вака силејќи се преку политички монтирани процеси и прогони, тие ја покажуваат всушност целата своја немоќ. Народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството на националните и државните интереси. Ова судот треба да го знае, но и оние кои му шепотат на судот како за овој случај така и за оној случај во поткуп кога Заев беше ослободен или оној градоначалник шверцер кој е на слобода, дека ќе дојде време кога правдата ќе биде задоволена а вистината ќе дојде на виделина. – рече Арсовски.