Денес имаме флагрантно кршење на Уставот и Законите, исакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата одржана вечерва во партиското седиште.

– Само затоа што две партии меѓу себе се договориле, изгласаа закон кој е неуставен, неприменлив и штетен. Договор меѓу две партии СДСМ и ДУИ, но тоа не е и договор прифатен и одобрен од граѓаните. Не е погазено само правото, ваквиот чекор на носење на противуставен закон е удар и врз соживотот, некој свесно не втурнува одново во непосакувано сценарио, во кое влогот е Република Македонија. Држава во кое правото не владее, и не е приоритет, значи и дека е разнишана држава. Беззаконието, станува практика и начин на управување. – рече Мицкоски.

Тој истакна дека власта претходно ја одби иницијативата на ВМРО ДПМНЕ преку работни групи да се подобри законското решение и да стане уставно.

– Одби да се разговара и за поднесените амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои беа наше право и деловничка можност, и на крај ја одбија понудата да обезбедиме парламентарно мнозинство преку нашите пратеници за поддршка на владата, само за да премиерот Заев излезе од уцената и концесијата која ја имал за носење на овој неуставниот закон. Очигледно концесијата е поголема од значењето на државните интереси. – додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Микоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери поради флагрантото кршење на Уставот и законите и дека неговата партија нема да го признае законот. 

-Дополнително по официјалното објавување во службен весник како партија ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на овој неуставен закон. Ќе потсетам Уставниот суд има обврска да ја заштити уставноста во државата. – истакна Мицкоски.

OhridNews