
-По прес конференциите дека никој неиграл тенис на игралиштата кои ги изградивме ( на среде зима на минус 15 степени ) полека но сигурно во јавноста се наметнува прашањето дали портпаролот и целата ОО СДСМ Охрид имаат проблем со визуелната перцепција на нештата, па само тие во Охрид не гледаат дека покриениот базен се гради со силен интензитет и во моментов се издига конструкцијата за трибината и дека автобуската станица се гради секој ден и во моментов се издига конструкцијата за вториот кат на објектот ? Тука мора да напоменеме дека изјавата на портпаролот дека и на пазарот ќе му се случи истото како и на автобуската и базенот е целосно точна ! Токму така и пазарот ќе се гради интензивно како што се градат овие два објекти и ќе биде изграден за доброто на Охрид. – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Воп него уште се додава дека ВМРО ДПМНЕ го одликува реализирањето на ветените проекти без разлика на нивното локално или национално значење и отчетност.
OhridNews











